Наспроти информациите на клубот Бутел и хрватските медиуми дека ракометарот Денис Тот синоќа бил претепан во скопскиот клуб „Привилиџ“, сепак тој на скопската Клиника за реанимација, анестезија и интензивно лекување бил донесен без видливи знаци на насилство, но во критична состојба и без срцева акција, потврди за „Фокус“, директорката на КАРИЛ, доктор Маја Мојсова.
„Ракометарот е во критична состојба. Слободно, можам да кажам дека се бориме за неговиот живот. Но, тоа што е чудно е дека тој нема видливи знаци на насилство. На нашата клиника беше донесен без срцева акција. Правиме се што можеме во моментот за да му го спасиме животот“, вели доктор Мојсова во изјава за „Фокус“.
Претходно, од неговиот матичен клуб потврдиле дека е претепан, но не кажувале повеќе детали.