Снимка од вознемирувачко насилство во Србија вчера се појави на социјалните мрежи – на неа се гледа како крупен маж на улица удира и малтретира жена и го клоца нејзиното куче.

Жената го шетала кучето без поводник, кога тоа за’ржало и влегло во борба со кучето на мажот, кој се гледа како ја држи жената и ја удира, по што го клоца кучето. Во еден момент, жената успева да застане на нозе, но насилникот, кој цело време ја прашува „Каде ти е поводникот“, брутално ја турка повторно на земја.

Трет минувач, кој исто така шета куче, приоѓа, ја гледа мачната сцена, но не ѝ помага на жената, туку се повлекува.

Откако инцидентот предизцика згрозување и бројни реакции во Србија, полицијата вечерва соопшти дека насилникот од Земун е уапсен, јавија локалните медиуми.

На 39-годишниот И.Б. му е одреден притвор од 48 часа.

View this post on Instagram

A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

ГОЛЕМ ПРЕСВРТ во случајот?!

Не стивнува тензијата поради инцидентот што се случи во Земун, кога маж претепа жена по расправија за кучиња!

Напаѓачот е уапсен, а сега се појавија информации дека претепаната госпоѓа со месеци малтретирала скитници, но и кучиња со сопственици, пишува Информер.рс

На видеото кое се појави на интернет се гледа како маж претепува жена која го држи неговото куче, за да не го нападне нејзиниот лабрадор. Од силината на ударот, на жената наводно и биле скршени два заба, а по медиумската бура која настанала, мажот е уапсен. Јавно изјавил дека му е жал што го направил тоа и дека ја удрил жената во желба да го одвои своето куче од нејзиното.

Иако од видеото се гледа дека тоа што го кажува не е точно, сега се појавија нови информации. Имено, жителите на Земун велат дека веќе ја познаваат госпоѓата која без поводник го шета својот лабрадор Кен.

Тие тврдат дека жената често со ШОКЕР ги напаѓала уличните кучиња кои и приоѓаат на нејзиниот миленик, но и кучиња со сопственици. Исто така, постојат тврдења дека таа им се заканувала дури и на деца.

Што е навистина точно во овој случај ќе утврди полицијата.