Египет загуби од Сенегал во фудбалска драма од три часа и по полошо изведување на пенали, но најави и жалба и има надеж дека мечот може да биде преигран.

Од трибините на стадионот во Дијамнијадио навивачите на Сенегал постојано ги попречуваа Салах и соиграчите со ласерски зраци, а тоа беше многу очигледно при изведувањето на пеналите.

Салах, Зизо и Мохамед промашија, а само Ел Солија погоди, па Египет беше елиминиран и нема да игра на Мудијалот, освен ако не реагира ФИФА.

📷