Оваа сабота – 20 мај 2023 г. во спортскиот центар Јане Сандански – Скопје, свој солистички концерт ќе одржи српската музичка ѕвезда МЦ Стојан.

Познат по своите заразни хитови, „скокотливи“ стихови и провокативни видеоспотови со убави разголени дами, МЦ Стојан е еден од оние кои за брзо време станува миленик на помладата генерација.

Особено препознатливи се неговите дуети со исто толку познатите и популарни музички ѕведи како покојната Ксенија Пајчин, Тина Ивановиќ, Јана, бугарската ѕвезда Галена, Александра Пријовиќ, вокалното трио Хурикејн, Ивана Николиќ, Миа Борисављевиќ, сандра Африка, Аца Лукас, дарко Лазиќ, Александра Младеновиќ, Џани, Теодора Џехверовиќ, Бресквица…Како и големите мегапопуларни хитови кои имаат милионски прегледи како што се : „Ла Мајами“, „Бог и батина“, „Лете паре“, „Шаљи број“, „Удахни дубоко“, „Воли ме, воли ме, „Живот си мој“…

Како специјален гостин „warm up“ гостин на сцената ќе се појави ДЈ Маус Маки. Сите кои знаат што е добра журка и незаборавна забава нема да ја пропуштат можноста да танцуваат, пеат и да се забавуваат на настапот на МЦ Стојан оваа сабота 20 мај 2023) од 20 часот во СЦ „Јане Сандански“ , концерт за кој влезниците во предпродажба се во ограничен број.