Граничниот премин Блаце „блокиран“ од македонската страна, колоната на возила пристигна до автопатот Арбен Џафери.

Граничниот премин во Блаце од утринава е блокиран од долги колони автомобили кои водат кон Косово, како и оние од Косово кои влегуваат во Северна Македонија.

ТВ Алсат носи снимки од овој граничен премин, каде од неодамна граѓаните се жалат на долгото чекање.

Од косовска страна за Алсат велат дека ваквата состојба е од утрово, а долгите колони на возила се предизвикани од македонска страна. /Алсат.мк