Босна и Херцеговина вечерва ја погоди силен земјотрес.
Според податоците на EMSC, земјотресот бил со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил на 63 километри од Сараево, односно на 10 километри од Зеница.
Еден час по земјотресот, зеничани се пред своите згради. Материјална штета во вид на оштетување на фасади и паѓање ќерамиди од покриви е евидентирана во центарот на градот. Полицијата е на терен.
Како што јавува репортерот на „Аваз“ од местото на настанот, неколку минути по земјотресот дошло до прекин на електричната енергија.