По двегодишна битка со малигнен тумор, сараевскиот актер Тони Ковачевиќ почина на 29-годишна возраст, оставајќи ги зад себе роднините и пријателите, кои не можат да се помират со оваа несреќа.
Роден во Сараево, Тони остави неизбришлива трага во светот на актерството, а неговото прерано заминување остави многу колеги и пријатели во неверување.
Прошталните пораки дојдоа од сите страни, а особено емотивни беа оние од Академијата за драмски уметности во Тузла и ЈУ Гимназијата за применета уметност во Сараево.
„Длабоко сме потресени од прераното заминување на нашиот драг Тони Ковачевиќ. Академијата за драмски уметности загуби драг студент, колега, пријател. Ќе те чуваме во нашето постојано сеќавање, онаков каков што беше секогаш, насмеан, радосен, подготвен за нови предизвици, со еден збор – ти беше таков студент и колега за кој можеш само да сонуваш, драг Тони, ќе останеш засекогаш во нашите мисли и во нашите срца, напишаа на официјалната Фејсбук страница на Академијата за драмски уметности – Тузла.
– Со голема тага и болка во срцето, ги упатуваме последните поздрави до нашиот поранешен ученик Тони Ковачевиќ. Горди сме што те познававме и бескрајно тажни што те изгубивме. Изразуваме искрено сочувство до семејството и пријателите – соопштија учениците и колективот на Сараевската гимназија за применета уметност.
Тони Ковачевиќ ќе остане запаметен по талентот, насмевката и големиот придонес во светот на актерството, а неговата прерана смрт остави празнина која тешко ќе се пополни.