Лазар В.(15) вчера загина во страшна несреќа, која се случила околу 16 часот кај Аранѓеловац.
Според медиумите, момчето било на мотор, а во несреќата учествувале и две патнички возила.
Засега не е познато како дошло до несреќата, а според неофицијални информации, Л.В. со својот мотоцикл завршил под еден од автомобилите . За жал, за момчето немало спас.
„Тој беше примерно дете“
Аранѓеловац е завиен во црно по трагичната смрт на момчето.
Мештаните велат дека бил примерно дете и дека годинава почнал со средно училиште.
Тој ги остави неговиот татко, мајка и сестра.
Лазар беше фудбалер во фудбалскиот клуб Шумадија од Аранѓеловац, а клубот објави негова фотографија на својот Фејсбук профил.
Лазар В. вчера околу 16.00 часот возел мотоцикл за кој немал дозвола, упатувајќи се во правец на Лазаревац. Во еден момент почнал да престигнува „фолксваген поло“, кога од спротивната страна дошол џип.
Момчето на мотоциклот немало каде да оди и удрило во џипот, а потоа од силината на ударот се одбил и влетал под возилото што го престигнал пред само неколку моменти.