Дваесет и седумгодишниот Михаило Јањушевиќ, брат на ријалити ѕвездата Марко Јањушевиќ Јањуш вечерва е пронајден мртов. Тој наводно бил пронајден мртов во станот што го изнајмил во Белград. Инаку, Михаило е најмладиот од тројцата браќа Јањушевиќ. Како што неофицијално дознава БЛИЦ, тој сам си одзел животот.
Михаило се занимаваше со манекенство, беше и во спотот на Дара Бубамара, а последниве месеци се пишуваше на друштвените мрежи и медиуми за снимање содржини за OnlyFans, платформа за возрасни.
Деталите за трагичниот настан се уште не се точно познати.
Трагичната вест потресе многумина, а не се знае дали Јањуш се уште е информиран за тоа, бидејќи моментално е во реалното шоу „Елита“, без телефон и контакт со надворешниот свет.