Ненад Николиќ (42) од Баново поле кај Сремска Митровица загинал синоќа во страшна сообраќајна несреќа што се случила на автопат кај Братислава, кога во него удрил камион со македонски таблички, при што несреќникот починал на место.
Според првите информации, до трагедијата дошло кога Ненад излегол од камионот за да му помогне на свој колега, исто така камионџија.
– Ненад застана кога виде дека на автопатот е паркиран камион со српски регистарски таблички. Застанал и му пришол на колегата мислејќи дека му е потребна помош за да ја смени гумата. Кога завршиле, тој отишол да го земе триаголникот и потоа, не се знае како, излегол на автопат кога во него удрил камион со македонски таблички – потврдил за српските медиуми пријател на загинатиот Ненад.
„Починал на лице место“
Како што велат, се се случило набрзина, а сите што се нашле во овој момент на автопатот недалеку од Братислава биле изненадени од сцената.
– Одеднаш немаше помош, човекот почина на лице место и беше морничаво. Искрено сочувство до неговото семејство. Ова е голема трагедија – додаде соговорникот.
Инаку, Ненад е разведен и има син од тој брак, пријателите велат дека семејството на починатиот е уништено од болка.
– Ни беше тешко кога требаше да го известиме неговите. Нема полошо чувство, човек оди на пат и очекуваш да се врати, но него го нема. Тага – истакна пријателот на Ненад.