Попладнево голема трагедија се случи во сараевската општина Илиџа, кога дете се удави во базен на хотел. Оваа трагична информација за босанските медиуми ја потврди портпаролката на МУП на кантонот Сараево, Мерсиха Новалиќ.

„Во 15 часот и 30 минути од страна на полициската управа Илиџа било известено дека во базен на хотел на подрачјето на општина Илиџа починало дете. Смртта е констатирана од лекар од Заводот за итна медицинска помош во 16 часот и 40 минути“, изјави Новалиќ.

Истрагата моментално е во тек, предводена од обвинителот на Кантоналното обвинителство, а ја спроведуваат припадници на МУП на КС.

Засега не е потврдено за кој хотел се работи. За околностите на давењето на детето ќе се знае повеќе по завршување на истрагата.