Триесет и осумгодишна жена од Лукавац починала синоќа, потврдија за босанските медиуми од Полициското одделение на Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла (МУПТК). Инаку, станува збор за сестрата на пејачот од БиХ, Менсур Салкиќ.

Од кантоналната полиција за Klix.ba велат дека нивните службеници во Лукавац синоќа околу 21:45 часот добиле пријава дека се самоубилa М.С., роденa 1986 година од Лукавац.

„По пријавата постапиле полициски службеници на ПС Лукавац, кои ги потврдиле наводите од пријавата, за што е известен и дежурниот обвинител на Обвинителството на кантонот Тузла“, соопштија од полициската управа на МУП на Т.К.

По упатство на дежурниот кантонален обвинител од страна на полициски службеници на СВ Лукавац се преземени потребните мерки и дејствија.

Инаку, Менсура С. е сестра на пејачот Менсур Салкиќ, кој исто така се прости од неа преку социјалните мрежи.

„По волја на Алах, мојата сестра Менсура синоќа се пресели во подобар свет. Би сакал да ги замолам сите мои пријатели да покажат почит кон приватноста на моето семејство по оваа трагедија што не снајде и на овој начин да им олеснат на сите. Ви благодариме за разбирањето“, напиша тој.