Трагична сообраќајна несреќа се случи ноќеска во главниот град. На булеварот „Партизански одреди“ дојде до сообраќајка во која загина едно лице.

Според информациите кои пристигнаа до редакцијата на Фактор, на лице место загина пешак. Според информации од Министерството за внатрешни работи, во несреќата загина девојка која имала 22 години.

Возачот кој го управувал автомобилот е уапсен и против него ќе биде покрената пријава.

– На 29.01.2025 вo 23.43 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, патничко возило „пежо 207“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(20) од Скопје, удрило во пешакот Ф.К.(22) од Скопје.

Loading...

Од здобиените повреди на местото на несреќата починала Ф.К., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција. Возачот В.Ј. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава – соопштуваат од МВР

За жал, ова е уште еден случај кој потврдува дека системот „Safe city“ и камерите кои се поставени низ главниот град треба да профункционираат побрзо.

Камерите и стравот од казни би требало да ги освестат граѓаните да возат повнимателно, но и општо сите да бидат повнимателни учесници во сообаќајот.

Loading...