Синоќа во Сараево, на подрачјето на општината Центар, се случила голема трагедија откако било пронајдено обесено 15-годишно девојче во семејната куќа.

– Не е позната причината зошто решила да си го одземе животот, пренесуваат босанските медиуми.

Според информациите, девојчето било одличен ученик во деветто одделение во основно училиште во Сараево.

Нејзините соученици потресени од оваа трагедија денеска се ослободени од училиште, пишува порталот Klix.