На 03.01.2025 година во 16.12 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Миле Поп Јорданов“ во Скопје женско лице паднало од висина од станбена зграда.

Илезено е на лице место и констатирано е дека се работи за лицето М.Ф.(27) од Кратово, со престој во Скопје, која била пронајдена почината што е констатирано од страна на Итната медицинска помош.

По насоки на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.