Денес е голема загубата за сите чесни сопартијци, денес почина Анче Трифунов, наш долгогодишен член и активист, бивш Претседател на Совет на Општина Кочани и Државен секретар во Министерство за економија, објавено е на официјалната страна на ВМРО-ДПМНЕ Кочани.
– Анче Трифунов е роден на 10.01.1971 година, дипломиран машински инжинер кој работните обврски ги извршуваше во ЈПССДП, каде своевремено беше и раководител на истоимената ПЕ. Сочувство до семејството… објавија од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани.