По долго и тешко боледување, во саботата вечерта во Загреб почина професорот Марио Пленковиќ, таткото на премиерот Андреј Пленковиќ, потврдија за ХИНА од владата.
Синоќа во Универзитетскиот болнички центар Загреб, по долго и тешко боледување почина Марио Пленковиќ (1947), татко на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, изјавил за агенцијата ХИНА портпаролот на актуелната Влада, Марко Милиќ.
Соопштено е дека испраќањето на покојниот Марио Пленковиќ ќе биде во кругот на семејството.
Марио Пленковиќ беше редовен професор по информатички науки на Универзитетот во Загреб, а од 2019 година е почесен професор на факултетот во Загреб и на факултетот во Марибор во Словенија.