Купувањето за време на „црниот петок“ може да биде заморно, но и опасно, бидејќи има случаи кога потрошувачите се степале за одреден артикл. Во текот на вчерашниот ден пристигнуваа слики од долги редици клиенти, пред популарните бутици, кои чекаат да си го купат парчето облека.
Посериозен инцидент е забележан во бутик на „Зара“ во Турција, каде жените дури и се тепале.
Како што можете да видите на видеото, три-четири жени се степале за јакната, а меѓу нив била и една баба. Се туркале, ја влечеле јакната, на крајот едната ја одвлекла таа што сакала и ја зела со себе.
@yarenkarakulak Zara da saç baş kavgaya gircek kadar düştü mü sizce ya 😧#zaraindirim #blackfriday #karacuma #zaraindirimi #indirimliürünler ♬ Sıfır Bir Jenerik – Esat Bargun