Владислав Стојанов (37) е бугарски голман кој има 19 настапи за националниот тим. Со години настапуваше за Лудогорец, а кон крајот на кариерата беше член на австрискиот нисколигаш Ибсиц. Меѓутоа, нешто друго го направи главна вест во бугарските медиуми.

Имено, тој ја шокираше тамошната јавност со изјавата дека неговата сопруга Венера повеќе од една година го изневерувала со неговиот соиграч и најдобар пријател Клаудио Кесеру. За ситуацијата да биде уште побизарна, романскиот фудбалер и бил кум на неговата ќерка.

– Цело време бевме заедно – тренинг, ручек, тренинг, вечера. Тој е кум на моето дете. Според моите пресметки, неверството траеше повеќе од година и половина. Се сомневав, но тогаш не сакав да истражувам – имав долгови, бев повреден, не се знаеше дали воопшто ќе играм фудбал. „Да не продолжев да играм, немаше да можам да ги вратам парите за три животи“, откри Стојанов за „Спорткаст“.

Иако знаел за се, молчел, но сопругата на Кесеру набрзо дознала за аферата.

Loading...

– Немаше смисла да истражувам, но сопругата на Кесеру дозна и ми се јави. Сепак решив да им простам на двајцата. Од друга страна, би било чудно да престанеме да зборуваме и да се гледаме… Им се јавив и им реков дека им простив, но сакав да разговарам со нив. Јас сум принципиелен, или простуваш или не… Само еднаш се навратив на тоа во разговори со неа.

Стојанов во кариерата настапуваше за Нафтекс, Черн, Бургас, Шериф и Лудогорец каде помина осум години и играше во Лигата на шампионите.

Loading...