Со близу 90 илјади гласови, Славица Ангелова од Струмица е победник во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ за сезоната 2022/2023.
По деветмесечно натпреварување, публиката одлучи да победи Славица, чиј ментор во шоуто беше Ѓорѓе Давид.
-Славица е филигран која од втор план влезе и направи сериозна приказа. Имавме некои емотивни проблеми во текот на натпреварот, но се разбуди на време, рече Ѓорге Давид пред прогласување на победникот.
Славица во интервјуто за медиумите веднаш по победата изјави дека не очекувала триумф, но кога новинарите се обидеа да ѝ постават неколку приватни прашања, нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид веднаш скокна и го прекинал интервјуто и се обиде да објасни зошто неговата кандидатка би требало интимните работи да ги остави само за севе.
– Им благодарам на сите гласачи. Ова дете е бисер, нејзиното пеење на музиката што ја застапувам е на завидно ниво – почна Ѓорѓе, а потоа Славица продолжи:
-Пред сѐ благодарам на сите што гласаа за мене. Огромно благодарам и на мојот ментор Ѓорге Давид кој несебично се вложи во сите нас, не само во мене. Навистина сум фрапирана и ова реално не го очекував, рече таа.
Нејзиниот ментор во една прилика спомна дека неговата кандидатка има емоционални проблеми.
– Нема, нема да зборуваме за тоа, тоа се многу интимни работи. Нека ужива во оваа убавина. Тоа се работи за мене и за неа – го прекина прашањето Давид, па додаде:
– Нема да зборуваме за приватниот живот. Со Славица имаме договор таа да почне да прави концерти со мојот бенд. Тоа нема никаква врска со нејзината победа. Имав разбирање кон Славица не само затоа што е од Македонија. Таа учи многу сериозно. Таа пропушти вкупно три проби поради предавања. Тоа е ретко. Таа се обидува да резимира сè во нејзиниот живот. Таа не е свесна што значи оваа победа за неа. Ќе мора многу да работи на себе. Славица студира медицина – гордо истакна менторот на младата пејачка, која не можеше да одлучи што ќе прави во иднина – медицина или пеење.
Таа на македонската јавност ѝ стана позната во 2019 година кога со „Љубовта не боли“ настапи на Макфест, освојувајќи ја наградата за најдобар дебитант.