Во Полска, водата однесе автомобил со деца. Агенцијата ПАП објави дека пет лица во Полска загинаа во поплавите.
Пет луѓе загинаа како последица на поплавите, а телото на хирург кој се враќал од работа е пронајдено во градот Ниса. Поради пукањето на браната во близина на границата меѓу Полска и Чешка, наредена е итна евакуација.
Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека подготвил наредба за прогласување природна катастрофа.
Во сите погодени европски земји има 16 жртви, но се трага и по исчезнати лица.