Градоначалникот на албанскиот град Кукс во североисточниот дел на земјата, Сафет Ѓичи, се најде среде голем скандал откако се појави видео на кое се гледа како жена орално го задоволува во неговиот кабинет.
Набргу по објавувањето на снимката, Ѓичи признал дека имал орален секс во канцеларија и дал оставка од градоначалничката функција. Тој рече дека „му е поставена стапица“. Се претпоставува дека снимката е направена на почетокот на јуни, а во јавноста протече кон средината на тој месец.
Откако видеото стана вирално, полицијата по налог на Специјалниот суд за корупција и организиран криминал упадна во градската управа на Кукс. Судот ја издаде наредбата откако против него беше покрената истрага во моментот кога беше објавено интимното видео. Судот на Ѓичи му одреди куќен притвор.
Една жена, подоцна идентификувана како Алма Качи, исто така беше уапсена за корупција, повикувајќи се на член 245 од албанскиот Кривичен законик, бидејќи Ѓичи и ветил натпревар за кастрација на кучиња во општината што тој ја водел, во замена за сексуални услуги. Качи, наводно, им кажала на обвинителите дека доброволно извршила сексуални дејствија со Ѓичи, нагласувајќи дека мислела дека „Ѓичи почнал да чувствува симпатии спрема неа“.
Ѓичи изјавил дека тој и Качи „некое време биле во интимна врска“. Нејзиниот адвокат во изјава за медиумите по пресудата рече дека неговата клиентка не требало да биде подложена на никакви мерки со оглед на тоа што дома се грижи за малолетно дете и болна мајка.
Инаку, Ѓичи е член на владејачката Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама и го доби градоначалничкиот мандат на изборите на 14 мај. Завршил полициска академија. Покрај политиката, Ѓичи е и претприемач и претседател на албанскиот фудбалски клуб од суперлигата ФК Кукси.