Вечерва, на 3-ти ноември 2024 година, силен земјотрес со јачина од 5.3 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот на Грција, со епицентар на 64 километри југоисточно од Солун. Земјотресот се случил во 19:03 часот по грчко време.
Епицентарот на земјотресот бил во близина на туристичкото место Неа Муданиа, кое е оддалечено само 13 километри јужно од локацијата на потресот. Земјотресот бил на релативно плитка длабочина од 10 километри, што дополнително ја зголемило јачината на потресот кој го почувствувале жителите во околните места.
По земјотресот, многу жители на Солун и околината излегле на улиците во потрага по безбедност, загрижени од можни последователни потреси.
Овој потрес го осетиле и македонски граѓани.