Неизвесноста продолжува околу прашањето каде се наоѓа Артан Груби. Дали е во Косово, Албанија или на сосема друга локација? Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на новинарско прашање за локацијата на Артан Груби одговори дека не сака да шпекулира.
Исто така и вицепремиерот Изет Меџити рече дека локацијата на Груби може да е Албанија или Косово.
Екипата на ТВ21 беше во Тирана, а по пат застана на две бензински пумпи каде што праша вработени на бензиските ѝ ни рекоа дека го виделе како користи тоалет.
Од друга страна, ТВ21 во неформален разговор со институции во Тирана, дознава неофицијално дека не е регистриран формален влез на Груби во Албанија.
Од неколкуте институции со кои разговаравме во Тирана ни рекоа дека не е добро да се шпекулира за присуство на Груби во Албанија особено со оглед на ризикот да се нарушат односите меѓу премиерот Еди Рама и коалицијата Влен.