Вознемирувачки вести доаѓаат од Шпанија. Натпреварот од 29. коло од третата лига таму меѓу Кордоба и Расинг Ферол беше прекинат во 11. минута откако Драгиша Гудељ остана да лежи во бессознание на тревата.

Драгиша брат на српскиот репрезентативец Немања кој моментално е во репрезентацијата.

Брзата помош реагирала брзо, како и лекарскиот тим пред тоа, а Драгиша по укажаната прва помош бил ставен на носилки, кога се освестил и се обидел да стане, а потоа бил пренесен во локалната болница.

Сцената била многу вознемирувачка за сите на стадионот, шпанските медиуми пренесуваат дека имало и солзи.

Засега нема нови информации за состојбата на 25-годишниот Драгиша Гудељ.