Припадниците на милитантната група Хамас објавија застрашувачко видео, на кое се гледа како се однесуваат со киднапираните деца, објави „Њујорк пост“. Според извештаите, тие тврдат дека снимката била снимена во кибуц (социјална земјоделска општина во Израел) Хлит на 7 октомври – првиот ден од нападот на Хамас врз Израел.

– Застрашувачки е да се видат преплашените лица на децата, чии родители најверојатно биле убиени од терористи пред нивни очи. Овие деца чудовиштата на Хамас ги користат како заложници и живи штитови – наведува NEXTA.

Да потсетиме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно изјави дека разговарал со семејствата кои ги загубиле своите најблиски и дека Израел никогаш нема да ги заборави овие ужасни постапки на своите непријатели.

– Ги удираме нашите непријатели со невидена сила. Ова е само почеток – рече Нетанјаху. Тој додаде дека Израел собира „огромна меѓународна поддршка“.

– Ќе го искорениме Хамас и ќе победиме – вели тој. Погледнете ја снимката од ХАМАС: