Голема колона возила, вечерва е заглавена на патот Никофорово-Радика. Според информациите од луѓето кои се заглавени, колоната е долга десетина километри, а застојот трае веќе четири часа.

Велат има семејства со мали деца, а некои од автомобилите и веќе немаат гориво. Сведочат дека нема многу снег, но патот е лизгав.

Според првичните информациите од ЦУК се работи за застој поради голем број автомобили на тесниот пат. Од таму информираат дека има застој и на крстосницата Маврово-Кичево-Гостивар.