Српската пејачка Тања Савиќ доцнела на летот на аеродромот во црногорскиот град Тиват, па како што пишуваат српските медиуми, наводно направила драма на аеродромот за да се качи во авионот.

– Тања влета на аеродромот вознемирена и дезориентирана, молејќи ги вработените на аеродромот да направат нешто, за таа да не го пропуштат летот. Сите ја гледаа шокирано, бидејќи требаше да дојде и да се пријави многу порано. Таму беа и нејзините деца, рекол изворот за српските медиуми и додал дека никогаш порано не бил сведок на таква ситуација.

Сепак, се чини дека нејзините желби и молби биле прифатени, бидејќи пејачката, по овој настан, на својот Инстаграм профил сподели фотографија од аеродромот во Тиват, на која се гледа дека е целата во бело, а нејзините дечиња ја држат за рака.

Се надеваме дека Тања сега се одмара по стресната ситуација што ја доживеа, коментираат медиумите.