Силното невреме пропратено со обилни врнежи во последните 24 часа предизвика големи проблеми во Кефалонија, особено на југот на овој грчки остров, каде се поплавени домови, деловни објекти и земјоделски култури.
Како што пренесува ekefalonia.gr, екипите на Цивилната заштита утринава почнале да отстрануваат урнатини од гробиштата Влахата, додека во Пастра е забележано свлечиште, при што камења паднале на главниот пат.
– Веќе три дена немаме мир. Количината на вода е голема о. Се трудиме да опстанеме, успеавме да ја одржиме патната мрежа, а имаме и помош од Армијата во механизација. Човечки животи не се загрозени, најголем дел од проблемите има во општина Ператата каде се поплавени куќи.
– Општината резервира хотелски соби за овие жители – вели градоначалникот на Аргостоли Теофилос Михалатос во интервју за Мега.
Грчките власти претходно издадоа предупредувања за силен дожд и невреме во текот на викендот за Лефкада, Кефалонија, Итака, Закинтос, крајбрежниот Епир, западна централна Грција и западниот и јужниот дел на Пелопонез, пишува „Катимерини“.