На магистралниот пат Никшиќ – Подгорица во текот на попладневните часови се случи тешка сообраќајна несреќа кога патничко и товарно возило се судрија во тунелот Будош. Едно лице е повредено.

Сообраќајот на оваа делница во текот на увидот бил во прекин, па возилата преку манастирот Острог се пренасочувале по стариот пат за Никшиќ. Бидејќи тој пат е во многу лоша состојба и две патнички возила едвај се рзминуваат, дошло до сообраќаен колапс.

– Огромна колона возила на мал тесен пат, а под нас е провалија. Не можеш да се движиш напред, сите возила се набиени. Жената и децата ги фати паника. Подобро ќе беше да чекавме на автопат да заврши истрагата, вели Стеван Анѓелиќ, кој со семејството се враќа од Црна Гора.

По пријавата дека има колапс на стариот пат за Никшиќ, полицијата излегла на местото на настанот, па и самите полицајци морале да пешачат подолго бидејќи не можеле да поминат со автомобил.

– Ни рекоа дека можеме само да се вратиме назад. Полека да се врти еден по еден, оти друго решение нема. Се најдобро на полицајците кои дојдоа овде, направија се за да ни помогнат да излеземе од оваа безизлезна ситуација – додава Стеван.