Пред познатиот белградски ноќен клуб „Касина“ синоќа околу два часот се случил инцидент, при што нема повредени, но причинета е поголема материјална штета и немало употреба на огнено оружје, јавуваат утрово српските медиуми.
Полицијата привела едно лице, а по друго интензивно трага. Инцидентот се случил при настапот на Јелена Карлеуша.
Имено, Пинк пренесува дека менаџерката на клубот изјавил дека околу два часот на бината се качил еден гостин кој сакал да танцува со пејачката. Потоа Карлеуша го повикала обезбедувањето кое го извадило гостинот пред објектот. После тоа, гостинот, веројатно под дејство на алкохол или наркотици, им рекол на вработените во клубот дека ќе им покаже кој е, пренесува Пинк.
Потоа, со автомобил дошол од правец на улицата Нушиќева пред клубот, при што направил материјална штета на повеќе објекти. Искршени се стаклени прозорци и врата од детектор за метал на влезот во ресторанот, жардињера, заштитна ограда. Полицајците се обиделе да го запрат возачот, но тој избегал.
Подоцна автомобилот бил запрен во Карабурма, а зад воланот била пронајдена девојка, со алкотест над 1,20 промили. Таа е приведена по налог за претрес, а потрагата по младиот човек кој го предизвика инцидентот е во тек.
Новинарот Младен Мијатовиќ потврди дека инцидентот се случил за време на настапот на Јелена Карлеуша.