Познатиот белградски сплав „Картел“ во Нов Белград вечерва почна да тоне.
Имено, како што може да се види на видеото на страницата на Инстаграм „moj_beo_grad_“, пристапот до сплавот целосно потонал, а гостите се обидуваат да се спасат.
Екипи на Брза помош и полиција се на терен. Не се знае моменталната состојба на присутните, како и причината за потонувањето.
Истрагата е во тек.