На онколошкиот институт во Љубљана е опериран пациент на кој му е отстранет желудникот поради дијагноза карцином на тој орган.

Подоцна се покажало дека е оперирано погрешно лице и дека мажот кој бил опериран не боледувал од рак. Н1 Словенија информира дека на Онколошкиот институт е опериран маж со дијагноза карцином на желудник.

Неколку месеци подоцна, пациентот добил повик во кој му е кажано дека дошло до забуна и дека органот му е изваден по грешка.

До грешката наводно дошло бидејќи надворешниот дијагностичар ги заменил примероците од ткива на двајца пациенти, што довело до тоа да се оперира погрешен пациент. Засега не е познато што се слуило со пациентот кој навистина имал рак на желудник.

Од Заводот за онкологија не сакаа да коментираа за случената грешка, туку само најавиле дека претставницте на Медицинскиот центар Барсос, Институтот за патологија на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Љубљана и Онколошкикот институт ќе дадат повеќе информации на прес-конференција.