Вработен во Народното собрание на Република Србија Н.К.(45) загина денеска во зградата на Собранието додека се обидувал да го поправи лифтот, јавува Телеграф
Како што дознава Курир, лифтот наеднаш се придвижил и му ја откинал главата на работник кој вообичаено бил задолжен за одржување на водоснабдувањето.
Вработените веднаш повикале брза помош, која можела само да констатира смрт.
„Истрагата на лице место ја спроведуваат дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград и припадници на полицијата, соопшти Б92.