И Балканот ќе ги осети последиците од ерупцијата на исландскиот вулкан: Метеорологот кој ги предвиде суперклеточните бури, сега има нови предупредувања!
Houses in the village of Hafnarfjordur is seen as smoke is billowing in the distance as the lava colour the night sky orange from an volcanic eruption on the Reykjanes peninsula, western Iceland on December 18, 2023. A volcanic eruption began on Monday night in Iceland, south of the capital Reykjavik, following an earthquake swarm, Iceland's Meteorological Office reported. (Photo by Oskar Grimur Kristjansson / AFP)
Откако синоќа еруптираше вулкан на Исланд по неколкунеделни земјотреси, по што евакуирани се 4.000 луѓе од градот Гриндавик, се огласи метеорологот Иван Ристиќ, човекот кој четово предупреди на суперклеточни бури. Ристиќ за Блиц изјави дека жителите на Балканот на некој начин ќе ги почувствуваат последиците од ерупцијата на Исланд.
– Тој чад оди во атмосферата и е поврзан и со метеорологијата. Силен северозападен ветер се движи кон Европа. Ќе дојде и кај нас. Чадот оди право во делот каде што летаат авионите и станува опасен. Чад оди во атмосферата, а силните ветрови кои доаѓаат од Исланд ќе стигнат до Европа. Ние во Србија ќе имаме смог на земја, а горе тој вулкански чад, изјави метеорологот Ристиќ.
Тој не потсети и на големите климатски промени кои не очекуваат. Тој вели дека летото ќе биде од мај до октомври, а сите вулкани се активни. Тој истакнува дека сега сите погледи се вперени во Италија, каде се очекува активност на многу опасен супервулкан.
– Италија е најопасна, има супервулкан кој се буди на секои илјада години. Сега е 900-та година, се очекува ерупција во следните 100 години, заклучува Ристиќ за Блиц.
Да потсетиме, летово тој предупреди дека во Србија во наредниот период се очекуваат тропски температури, но и опасност од суперклеточни бури со огромна моќ. Експертите, вели тој, ги споредуваат со јачината на атомската бомба и нема начин да се заштитите од таква бура.
Само неколку дена по неговото предупредување, големо невреме ги опустоши Словенија, Хрватска, БиХ и Србија и однесе животи на шест лица.
Во продолжение погледнете фото галерија од пеколните сцени на Исланд: