Тами Бенет од Велс одела по улица кога непозната жена ѝ пришла и ѝ дала коверт.
Непозната госпоѓа ѝ посакала прекрасен ден и си заминала, без никакво објаснување што има внатре. Тами била изненадена од тоа што се случило, а кога го отворила пликот, заплакала.
– Денеска би му бил 28-от роденден на мојот син. За жал, тој боледуваше од епилепсија и ненадејно почина. Мојот син многу сакаше роденденски торти. Ве молиме купете торта и уживајте со вашето семејство. Секој ден е ден за торта, а не само роденден. Семејството е многу важно и времето поминато со него е многу вреден подарок, напишала жена која се потпишала како мајка на Џејсон.
Тами била длабоко трогната од овие зборови и рекла дека многу емотивно реагирала на пораката бидејќи и самата тогаш имала лош ден.
– Таа ме натера да разберам дека не сите знаат колку се среќни што имаат семејство со кое можат да поминуваат време. Неверојатно е што направи оваа жена за да го зачува споменот на својот син, изјавила Тами Бенет и објавила фотографија од купената торта.
– Навистина ја купивме тортата, ја споделивме со семејството и му посакавме на Џејсон среќен 28-ми роденден – изјавила таа.