Ова овошје оваа година е трето на листата најкотаминирани земјоделски производи и најголемо изненадување за испитувачите, покажале најновите истражувања на Американска работна група за животна средина, на непрофитна организација која ова испитување го спроведува веќе 15 години.

Јагодите се и понатаму, како и години наназад, први на листата „највалкани“ производи, а после нив се: спанаќот, кељот, јаболките, праските, вишните, крушките, доматите, целерот и компирите.

Листата е скоро идентична како минатогодишната што укажува дека има многу работа за да се промени навиката на производство на овие производи. За резултатите да бидат поверодостојни, активистите за време на оваа акција се однесувале како купувачи, кои производите ги купувале од пазари, потоа ги миеле, а потоа ги тестирале.

-Се изненадивме што кељот има толку пестициди. Но, резултатите беа недвосмислени – изјавил теоксикологот д-р Александар Темкин од оваа организација и додал дека со оглед на тоа дека овошјето и зеленчукот се важен дел од исхраната тогаш треба органски да се одгледуваат.

Истражувањето опфаќа рангирање на 47 најпопуларни видови овошје и зеленчук од загаденост со пестициди. Околу 70 проценти биле позитивни на најмалку еден пестицид. Темкин предупредил дека овие резултати се загрижувачки, бидејќи многу хемикалии кои се детектирани во Америка, се забранети во другите земји. Кога станува збор за методот на чистење на пестицидите со сода бикарбона или оцет, не гарантира многу.

-Се што може да отстрани млаз вода тешко може што било друго. Посебно кога станува збор за пестициди, кои се веќе во внатрешноста на плодот. Ист е случајот и со термичката обработка, бидејќи мал број пестициди се термолабилни, па ни со готвење не можат да се разградат.

Оваа метода е успешна само во случај на поедини видови зеленчук, како спанаќ кој додека се готви се отстрануваат голем број на пестициди – објаснуваат експертите.