Голем број на луѓе имаат некои свои божиќни традиции, па така и шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ.

Но, тој нема навика да се фали со празнична трпеза, украсено дрво или раскошни подароци. Играчот на Милан на социјалните мрежи споделува слики во кои се гледа како покажува среден прст.

Тој го направи истото оваа година објавувајќи фотографија од запалена свеќа во форма на тупаница на која се гледа среден прст, а на врвот е пламен.

На ваков начин со оваа фотографија на Инстаграм која предизвикува лавина реакции го честиташе Божиќ.

Едни со смеа ја сфаќаат ваквата објава, а други го критикуваат Ибра поради ваквиот непримерен потег.