Златан Ибрахимовиќ беше опериран на коленото поради што нема да може да игра фудбал во наредните осум месеци.

Легендарниот напаѓач отиде на операција на крајот од феноменалната сезона во која Милан го освои Скудетото и ги шокираше сите со фактот дека изминатиов период помина низ се за да игра фудбал.

„Играм без лигаменти на левото колено во последните шест месеци. Коленото ми е отечено шест месеци. Во последните шест месеци можев да тренирам со тимот само десет пати.

„За шест месеци примив преку 20 инјекции. Шест месеци го празнев коленото еднаш неделно. Пиев лекови против болки секој ден. Од болки едвај спиев шест месеци. Никогаш не страдав така ниту на теренот, ниту надвор од него. Направив нешто невозможно, возможно“.

„Имаше само една работа во мојата глава. Да ги направам тимот, тренерите и соиграчите шампиони на Италија затоа што ветив. Денеска имам нови лигаменти и уште еден трофеј.

Златан денеска ги објави снимките од исцедокот од коленото кои му требаа да ги пушта што повеќе. Сè изгледа навистина морничаво.

Ибра на 41 година успеа да постигне осум гола на 27 настапи. Додаде три асистенции, а очигледно ќе го гледаме на фудбалски терен бидејќи се уште нема намера да се збогува.