Игор Југ, кој доби 11 години затворска казна за 27 април, за Мухамед Зеќири изјави дека бил лажен сведок за 27 април. Југ јавно испрати порака до ексгенералниот секретар кој доби 2,6 години затвор.
Ваквата реакција доаѓа откако во 2018 година Зеќири сведочеше против Југ и кажа „На лице со брада му падна пиштолот и го бараше во толпата“.
– Уште еден лажен сведок за 27 април се лизна. Ако се две и пол години, потешки ќе ти се него на мене, моите дванаесет. Си видел пиштол? Е, сега ќе гледаш будали, наркомани, педофили. Ама на јаве, не на сон како што го виде пиштолот“, пишува меѓу другото Југ, кој ја Русковска ја нарече „учителка“ на Зеќири.
Мухамед Зекири, пред пет години, за настаните од 27 април, сведочеше за упадот во Собранието, при тоа велејќи дека бил очевидец на човек со пиштол меѓу толпата што упадна во Собранието.
– Видов лице кое позади грбот имаше оружје. Едно време оружјето му падна и почна да го бара низ толпата. Лицето со пиштолот беше во црна маичка, ќелав и со брада“, изјави Зеќири.
Тој додаде дека ситуација ја следел од горе, односно од прес центарот кога го забележал лицето со оружје. Зеќири доби 2,6 години затвор оти направил злоупотреби додека беше генерален секретар во Владата.