За да покажат дека „добро се однесуваат“ кон затворениците, руските војници објавија видео на кое се гледаат заробените Украинци врзани.

Некои од војниците имаат видливи крвави траги од борби на нивните лица.

На видеото се гледа како руски војник им става цигари во уста и им ги пали.

Русија, која утринава започна инвазија на Украина и предизвика лавина реакции, но и санкции од западните земји, најверојатно на овој начин се обидува да ја покаже благородноста на својата армија.