Полицаец од Требиње (33) е тешко ранет во вторникот вечерта додека го користел службениот пиштол.

„Глас српске“ јавува дека полицаецот пукал од својот службен пиштол недалеку од болницата во Требиње, прво во воздух, а потоа и во себе.

– Испука пет куршуми во воздух, а потоа се застрела во брадата. Тој е пренесен во подгоричкиот Клинички центар и животот му е во животна опасност – тврдат извори на Глас.

Засега нема официјални информации, а деталите за несреќата се уште се утврдуваат.