Автобус со полски регистарски таблички излета на автопатот А4 во Хрватска. Неколку лица загинаа во сообраќајна несреќа што се случи околу 5 часот и 40 минути на автопатот А4 во правец кон Загреб.
„Во тек е вадењето на жртвите од автобусот, се работи за тешка сообраќајна несреќа. Неколку лица загинаа, а повеќе се повредени, засега се уште не можеме да зборуваме за точните бројки“, изјави за ДНЕВНИК.хр Матко Муриќ, портпарол на ПУ Вараждин.
Според првичните информации од вараждинската полиција, автобус со полски регистарски таблички слетал на делницата од автопатот меѓу Јарек Бишашки и Подворец.
„Според досегашните информации, во сообраќајната незгода загинале неколку лица, а голем број се тешко повредени. Покрај полициските службеници на ПУ Вараждин и на ЈУ Загреб, неколку екипи на Институтот за итна медицина од Вараждинската жупанија и Загреб, како и неколку екипи на пожарникари се ангажирани на местото на настанот“, се вели во полициското соопштение.
Автопатскиот сообраќај во правец на Загреб се одвива по една коловозна лента.