Ние веќе ја изгубивме Јаничка, протестот утре го прави народот, ова е битка за сите деца, да не ја доживеат истата судбина како нашата ќерка. Вака за ТВ 24 сведочи таткото на шест годишната Јана која почина во битолската болница.
Обдукцијата за малата Јана се уште е во тек, Христовски за нашата телевизија вели дека не обвинуваат никого, но дека сепак по консултација со доктори грешката за смртта на девојчето била при примањето инфузија.
– Погрешна интервентска терапија. Во обдукција не веруваме во такви работи чупето 20 кг беше, чупето не успејаа да го спасат – вели таткото на Јана.
Иако им било кажано дека девојчето починало од слабост на срцето, Христовски вели дека преходно Јана била прегледана и немало никакви знаци дека има отежнато чукање на срце. Обвинува дека од нив било сокирено дека таа е почината и откако и биле направени неколку елетро шокови, па потоа била пренесена на катот на КАРИЛ од каде и по поминати два ипол часа часа тие се уште немале информации за Јана.
Инаку Комисија од министерството за здравство влезе во Битолската болница, дознава неофицијално тв 24. Комисијата треба да утврди дали имало пропусти при укажувањето помош на шестгодишната Јана. Утре во Битола жителите ќе маршираат барајки правда, но и оставки и реформи во здравството.
– Битката за барање правда за Јана, за која однапред знаеме дека институционално ја губиме, не претставува битка на која треба да застанеме и да го кажеме добро познатото тридецениско ‘тоа е’, туку да се обединиме, да кажеме заедно сме посилни, дека нашиот кренат глас е наше право. Тоа е наша појдовна точка, од која треба јасно и гласно да кажеме ‘доста е‘“. – велат од Комисијата.
Родителите на шестгоднишното девојче кажаа дека добиле уверување од министерот за здравство Фатмир Меџити дека ќе има разврска за трагичниот случај.
Јана почина минатата недела на Детското одделение во битолската болница каде била донесена со симптоми на настинка и повраќање. Државниот санитарен и здравствен инспекторат, соопшти дека нема грешки во лекувањето на Јана и дека без оглед на примената инфузија и високиот шеќер во крвта, Јана починала од застој на срцето.