Инцидент се случил синоќа во Соборниот храм на Партизански одреди пред велигденската богослужба при што едно лице агресивно се однесувало. Инцидентот се најде и во полицискиот билтен на МВР.
„На 15.04.2023 во 21.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.К.(28) од Скопје затоа што во двор на верски објект на бул. „Партизански одреди“ го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон присутните во објектот. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопштија од МВР.