Имало обид за да се направи атентат на премиерот на Република Косово, Албин Курти во Скопје, каде што престојуваше последениве денови, јавува РТК од свои извори од безбедносните институции на Косово кои соопштиле дека веднаш по состанокот на Советот за безбедност на ОН доставиле податоци.

Премиерот Курти синоќа допатува во Скопје, а претходно се преземени сите безбедносни мерки, во координација со безбедносните институции на Северна Македонија.

За РТК е соопштено дека оценките за заканата по животот на Курти се сериозни, особено ако се има предвид дека тие доаѓаат од повеќе извори на информации.

„Тоа беше српска оперативна комбинација, каде медиумските измами беа испреплетени со акции на терен од можни атентатори на српско-македонската крајност, блиски до Руската Федерација, но под контрола на српските институции“, изјави изворот за РТК.

РТК дознава дека премиерот Курти веќе влегол во Косово, а соработката на безбедносните институции меѓу Косово и Северна Македонија професионално го обезбедила целиот периметар на Курти.

Курти: Имаше закани кон мене, видов многу полиција во Скопје

Премиерот на Косово, Албин Курти потврди дека имало закани кон него за време на неговиот престој во Скопје.

Според него, заканите дошле „од поединци и структури кои имаат корени од официјален Белград“.

Курти рече дека не се чувствувал загрозен, односно дека видел многу полициски сили кои се грижеле за безбедноста на состанокот на кој присуствувал.

„Научив дека има многу закани од поединци и структури кои имаат корени од официјален Белград. Но, кога дојдов овде од Скопје, не се чувствував загрозен, но видов дека има многу полициски сили кои се погрижија за оваа средба што ја одржавме во Скопје со овие социјалдемократски партии“, изјави Курти на новинарите.