Емир Џиновиќ, деловниот партнер на налудничавиот убиец Нермин Сулејмановиќ кој уби три лица во Градачац, откри што барал убиецот од него.
– Работев со него. Јас сум семеен човек. Имам две деца. Не го оправдувам тоа што се случи, ова не го прават ниту животните. Се срамам што некогаш го познавав тој човек. Се чувствувам измамен, изигран, немам зборови за тоа што го направи. Се знаевме цел живот, детството го поминавме заедно, средно училиште. Тој подоцна тргна по својот пат, а јас по мојот, по 15 години отворив теретана, раскажува Џиновиќ, пишува Аваз, пренесува Српскаинфо.
– Во четвртокот бев со Нермин, ништо не спомна. Знаев дека има проблем со Низама. Ја сакав и ја почитував како да ми е сестра. Имав многу добар однос со неа. Секој проблем што го имаше, јас се залагав за неа и нејзиното дете. Немаше никаква поддршка од мене кон Нермин. Не го поддржувам и никогаш нема да го поддржам. Тоа утро добив повик од Нермин. Пред тоа ме разбуди татко ми. Тогаш ми се јави Нермин и ми рече да вклучам Инстаграм и да гледам. Се вклучив, не можев да верувам што направи, тоа беше животински чин. Го прекина „лајвот“, после тоа ми се јави и ми рече: „Ќе ми го храниш ли детето“ – вели Емир.
Вели дека после тоа му ја испратил локацијата.
– Отидов во полициска станица и реков дека знам каде се. Ми кажа дека детето може да умре бидејќи не добило терапија. Пријдовме од зад викендицата, каде го видовме телото на Низама. Пред неа беше детето. Слушнавме звук, како плач. Го зедов детето во раце и почнав да трчам. Се исплашив бидејќи ги видов камерите и мислев дека ќе не убие и нас. Се сокривме во шумата со полиција. Дојде автомобил полициски и не однесоа во болница. И детето и мене.
Побарав да го видам девојчето, кога детето ми го донесоа чисто, избањато, ја погледнав и ја бакнав и реков „Лена, Емир е со тебе“. Ми го земаа детето и си заминаа.
После видов како повторно „оди во живо“ на Инстаграм, го молев „брат немој да го правиш тоа“ и тоа ме чинеше затоа што луѓето го извадија од контекст и мислеа дека го поддржувам.
Нермин пак ми се јави и ми рече „И тебе ќе те убијам, моли му се на Бога да не налетам на тебе“. Му реков: „Кажи ми каде си, ќе дојдам, пукај во мене“ – рекол меѓу другото Емир Џиновиќ, пишува Аваз.