Почина билдерот Мирко Петровски. Причината за смртта се уште не е позната. На социјалните мрежи веќе се простуваат од билдерот.
„Сеуште сакам да мислам дека е само еден лош сон. Мирко мој, не требаше вака да не оставиш. Знам дека имаше уште многу планови зацртани и многу работи недокажани. Денес изгубив(ме) голем другар, голем спортист и татко. Couch мој, на поубаво место си секако каде конечно ќе го најдеш твојот душевен мир.
Ќе те памтам како добар човек и лојален другар.
Вечна ти слава Мирче мој“, напиша Панчо од ДНК на својот фејсбук профил.
Неговата последна објава на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм датира од пред неколку дена, поточно од 26-ти февруари.