Во населбата Семизовац во босанскиот град Вогошќа, ноќта на 12 кон 13 декември годинава се случи трагедија во која настрада девојката М.Е.(22), објавува весникот „Аваз“.

Девојката била пронајдена обесена во куќата во која живеела со нејзината мајка. Соседите на ова семејство се во шок. Велат дека ништо не укажувало дека имала некакви проблеми поради кои ќе крене рака на себе.

– Од Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево одбија да ни ја потврдат оваа информација, пишува „Аваз“.

Ќе се утврдуваат околностите кои довеле до оваа трагедија.