Уште една спортска трагедија во регионот.

Тага ја потресе Босанска Дубица, откако на 24-годишна возраст почина поранешниот фудбалер на Борац, Огњен Пралица, кој долго време се бореше со тешка болест.

Пралица од мали нозе ја сакал топката и бил член на Борац од Дубица, играл и за футсал тимот, no за жал се заболел од рак на тестисите.

– Имаше неколку операции и потоа се лекуваше година и пол. За жал, уште една подмолна болест одзеде уште еден живот, а многу пријатели, спортски ривали, се збогуваат со Пралица, објави босанскиот портал „Аваз“.

Датумот и местото на погребот на Огњен Пралица ќе бидат објавени подоцна.